Надал си закажа тениска „класика“ со Федерер

Рафаел Надал си обезбеди уште една тениска „класика“ против Рожер Федерер откако во четвртфиналето на Вимблдон со 3:0 во сетови и тоа со 7:5,6:2,6:2 го победи Сем Квери од САД. Полуфиналната пресметка со Федерер кој во четвртфиналето со 3:1 во сетови го елиминира Кеи Нишикори, ќе биде прва на Вимблдон по 11 години и неверојатното финале од 2008 година.

Надал кој досега два пати триумфираше на Вимблдон, прв зададе удар и во третиот гем направи брејк, но при 5:4 го загуби сервисот и му дозволи на Квери да се врати во игра во првиот сет. Надежите дека Квери ќе успее да направи сензација и да го победи големиот фаворит беа урнати во наредните два гема, прво Шпанецот веднаш направи направи брејк, а потоа откако спаси три брејк топки, успеа да го освои првиот сет.

Пропуштената шанса во првиот сет како да му ја одзеде силата на американскиот тенисер и во останатите два сета не претставуваше никаква закана за Надал кој ги реши во своја корист со идентични 6:2.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Рожер Федерер кој против Кеи Нишикори ја оствари 100. победа на Вимблдон. Федерер славеше во четири сета и тоа со 4:6,6:1,6:4,6:4.

Нишикори претставуваше сериозен ривал за Швајцарецот само во првиот сет кој го доби со 6:4. Во останатите три сета, Федерер доминираше, прво на експресен начин израмни на 1:1 во сетови, за во последните два сета рутински да дојде до предност која умешно ја чуваше до крајот на двата сета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот