Надал: Секогаш се посебни пресметките со Федерер!

EPA-EFE/MAST IRHAM

Двајца големи ривали, но и пријатели, Надал против Федерер во полуфиналната пресметка во Лондон в петок на престижниот Централен терен после 11 години.

– Навистина е одлично чувството и што сум во можност да играм тенис на едно високо ниво. Пресметките против Федерер секогаш се посебни, ме радува тоа што повторно ќе бидам на тој терен после 11 години. Многу ми значи, но и на Роџер. Возбуден сум поради тој меч, а верувајте се помалку ги има, но уште сме активни – вели Надал.

Федерер – Надал на „Вимблдон“ по четврти пат, прва „класика“ на трева после 11 години.

Ќе се сретнат по 40 пат в петок попладне, во четвртата средба и прва уште од финалето на „Вимблдон“ во 2008 година, кога Шпанецот во третата „класика“ по ред во Лондон конечно успеа да го совлада „непобедливиот“ Швајцарец и го освои најпрестижниот од сите четири грен слема.

Претходните две финални пресметки, 2006. и 2007. година, му припаднаа на осумкратниот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот