Надал: Се борам, но часовникот ми отчукува и станува се покомпликувано

Надал поради повредата на стопалото заврши со настапите во 2021 година/Вашингтон, САД/ август 2021 година/ фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи до крајот на годината да одмора и да ги надмине сите проблеми со повредите за да може следната сезона да се врати здрав, но во исто време е свесен дека се наоѓа на залез од кариерата.

Надал кој во јуни годинава наполни 35 години, ја заврши сезоната поради операцијата на стопалото.
– Добро сум, иако знам и за подобри денови. Стопалото сè уште ме боли, ова е тежок период за мене. Целта ми е целосно да се опоравам иако сум сведен дека во еден период ќе имам и тешки и болни моменти. Сакам сите тие проблеми да ги надминам и да се борам за тоа што го сакам,  враќањето на тениските терени – вели Надал.

Шпанецот е свесен дека опоравувањето од повредите оди поспоро и е се потешко бидејќи е длабоко навлезен во четвртата деценија од животот.

– Имав фантастични моменти низ кариерата, моменти за кои не сонував дека ќе ги има. Но, исто така имав и тешки моменти поради повредите иако секогаш наоѓав начин како се опоравам и да продолжам.Како што поминуваат годините, така и работите треба да ги сфаќаме пореално: часовникот отчукува, и станува се покомпликувано – додава Надал.

Оваа година Надал триумфира на Мастерсот во Рим како и на турнирот во Барселона, по што на Ролан Гарос испасна во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ и потоа започнаа проблемите со стопалото поради што не настапи на Вимблдон, Олимписките игри во Токио и УС Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот