Надал рутински со Синер, познати четвртфиналните парови на „Ролан Гарос“
Рафаел Надал, третиот тенисер на светот се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот во Париз откако ја оправда фаворитската улога против Јанис Синер од Италија со резултат 7:5, 6:3 и 6:0.
Шпанецот на тој начин продолжува успешно на патот кон 13 шампионски трофеј на „Ролан Гарос“. „Бикот од Мајорка“ до победата дојде за два часа и 17 минути игра и во следната фаза ќе се соочи со Шварцман кој претходно беше подобар од Штруф.
Така, беше продолжен тешкиот ден за младите италијански тенисери, претходно Лоренцо Мусети беше поразен од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, иако водеше со 2:0 во сетови.
Познати се сите четвртфинални двојки во машка конкуренција: Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини, Рафаел Надал – Диего Шварцман, Александер Зверев – Алехандро Давидович Фокина и Стефанос Циципас – Данил Медведев.
Да додадеме уште дека „Ролан Гарос“ се игра за награден фонд од 35.350.000 евра, а титулата ја брани токму Надал.
Ролан Гарос: Ѓоковиќ имаше негатива од 0:2, па му препушти само еден гем на ривалот!