Надал: Роже, јас и Новак, тоа е нешто посебно

Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ доминираат во светскиот тенис повеќе од 15 години. Големата тројка на тенисот од Вимблдон 2003 година, досега победи на 53 од вкупно 64 гран слем турнири. И тројцата се пласираа во осминафиналето на Вимблдон и се најголеми фаворити за освојување на трофејот со што би ја продолжиле победничката серија.

Федерер е рекордер со 20 освоени гран слем турнир, во чекор го следи Надал кој има 18, додека Ѓоковиќ во своите витрини има 15 гран слем титули. Најблиску до големата тројка од активните тенисери се Станислас Вавринка и Енди Мареј со по три титули од најголемите турнири.

– Не знам кој може да го прекине нашиот победнички низ. Веројатно некој добар тенисер, а ги има неколку. Некои се многу млади тенисери и им е потребно време. Но, навистина не знам, не ми е лесно да одговорам на ова прашање бидејќи и јас сум дел од сево ова. Искрено тоа што ние тројца го постигнавме на гран слем турнирите и во тенисот воопшто во последните 15 години е нешто навистина посебно. Да се има во ист момент дури тројца тенисери кои постигнале толку многу успеси е неверојатно, и мислам дека тешко ќе се повтори. Ние и понатаму сме на турнирите, нормално дека некој ќе не победи или ќе се повлечеме бидејќи не сме повеќе млади – изјави Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот