Надал против Медведев во финалето на УС Опен (ВИДЕО)
Надал кој избори финале на УС опен рече дека во мечот за трофејот го добил најсилниот можен противник.За трофејот ќе игра против Данил Медведев од Русија.
– Медведев зад себе има прекрасно лето. Победи во Синсинати, играше во финалето во Монтреал и Вашингтон, а сега и тука. Ова лето го игра најдобриот тенис во неговата кариера, па затоа тој е најсилниот противник што можев да го добијам за финалето. Како и да е, во натпреварот за трофеј на Грен слем турнирите не можете да очекувате лесен противник – рече Шпанецот.
Во меч кој траеше два часа и 39 минути, вториот турнирски носител против Беретини првиот сет го доби на тај-брејк 7:6 (8:6), во вториот беше 6:4, а во третиот на противникот му препушти само еден гем (6:1).
Надал досега има три титули на Грен слемот во Њујорк, а во втората полуфинална пресметка Медведев беше подобар од Бугаринот Григор Димитров.
Вкупниот награден фонд на УС опен изнесува 57,2 милиони долари.