Надал посилен од Кирјос за 12. четвртфинале на Австралија Опен.

Шпанецот ќе игра во четвртфиналето на Австралија Опен откако во четири сета го победи Ник Кирјос.

Рафаел Надал славеше во дерби пресметката од осминафиналето на Австралија Опен против домашниот миленик, Ник Кирјос. Надал пласманот во четвртфиналето го обезбеди со триумфот од 6:3,3:6,7:6,7:6 и си обезбеди пресметка против Доминик Тим.

Надал одлично го започна дуелот, доминираше во размената, и во четвртиот гем успеа да направи брејк кој му го донесе првиот сет.
Кирјос возврати во наредниот сет на идентичен начин, направи брејк исто така во четвртиот гем.

Останатите два сета, првиот носител ги освои во тај брејкот и си закажа пресметка со Доминик Тим. Австриецот во осминафиналето го победи Гаел Монфилс 6:2,6:4,6:4.

Во второто четвртфинале ќе играат Александер Зверев и Станислас Вавринка.
Зверев во три сета со идентични 6:4 беше подобар од Русинот Антон Рубљов, додека Вавринка и јунак на денот откако го победи четвртиот носител Данил Медведев.

Шампионот на Австралија Опен од 2014 година по три часа и 25 минути во пет сета со 6:2,2:6,4:6,7:6,6:2.

Кај дамите во четвртфиналето ќе играат Анет Контавеит – Симона Халеп и Гарбине Мугуруза – Анастасија Пављученкова.
Халеп и Мугуруза во два сета ја завршија работата против Мертенс, односно Бертенс, додека Контавеит ја совлада Свиатек со 2:1, исто како и Пављученкова во дуелот со Кербер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот