Надал повторно загуби сет на Вимблдон, но си закажа пресметка со Сонего во следната рунда

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Вториот носител Рафаел Надал обезбеди пласман во третото коло на Вимблдон откако вечерва го победи Литванецот Ричардас Беранкис со 3:1 по сетови и тоа 6:4, 6:4, 4:6, 6:3.

Противник на Надал во третото коло ќе му биде Италијанецот Лоренцо Сонего кој е поставен за 27. носител на Вимблдон.

Надал идентично каок и во првото коло кога играше против Серундоло, имаше падови во играта и не делуваше убедливо како што многумина очекуваа и повторно загуби сет.
Падовите во играта беа очигледни во третиот сет кој Беранкис го доби со 6:4.

Но, Надал во четвртиот сет одигра многу поквалитетно, поведе со 3:0 на стартот, беше блиску до брејк во четвртиот гем, но Беранкис успеа да го спаси својот сервис. Потоа следешен прекин на дуелот поради дожд, а по враќањето на теренот, Надал рутински ја заврши работата.
Изненадувачки, настапот во второто коло го заврши Денис Шаповалов кој загуби од Брендон Накашима со 6:2,4;6,6:1,7:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот