Надал повторно повреден

twitter.com/livetennis

Рафаел Надал денеска требаше да настапи на два натпревари на Лејвер купот, во поединечна конкуренција и во парови, но поради повреда на раката одлучи да се откаже од настапите. Тој има воспаление на раката и поради тоа ќе мора одреден период да мирува.

– Одлично си поминав настапувајќи на Лејвер купот и разочаран сум што нема да можам да играм денеска. Потребен ми е одмор бидејќи имам воспаление на раката. Нормално ќе бидам со момците за да ги поддржам и на денешните дуели – изјави Надал.

Местото на Шпанецот во двојки ќе го зазеде Стефанос Циципас кој ќе игра заедно со Рожер Федерер, додека во поединечна конкуренција, противник на Ник Кирјос ќе му биде Доминик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот