Надал: Потребна ни е вакцина, а не доживотно дистанцирање!

твитер

Шпанскиот тенисер е среќен поради враќање на теренот, но и свесен дека пандемијата на коронавирус многу ќе влијае на глобалната иднина.

Поранешниот прв светски рекет, кој како и сите други спортисти ширум светот, беше во двомесечна самоизолација, продолжи со тренинзи во својата академија во Мајорка.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен поради враќање на теренот, но и свесен дека пандемијата на коронавирус многу ќе влијае на глобалната иднина.

Конечно можеме да се вратиме на теренот. Драго ми е што повторно работам во мојата академија. И јас сум задоволен што децата можат да играат. Тие се исклучително среќни и тоа е важно за сите нас – рече Надал и продолжи:

Секако, сакам на турнирите да бидат полни трибините. Но, мора да бидеме трпеливи, потребна ни е вакцина. Во исто време, ми се чини дека сега ќе дојде некоја нова реалност. Новата реалност е само онаа што ќе ја прифатиме.

Рафа напомена дека сака да гледа кога луѓето се гушкаат, комуницираат…

Чекаме да се врати тоа време, очекуваме тпа да стане повторно нормално. Невозможно е да се прилагодиме на доживотно дистанцирање – се зборовите на шпанскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот