Надал: Поразите се дел од спортот

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Рафаел Надал изненадувачки, се уште нема освоено титула во 2019 година, иако веќе се одиграа и три турнири на неговата омилена подлога, на земја. Последен пат во првите пет месеци од годината не успеал да триумфира на еден турнир беше во 2004 година.

– Нормално е ова што се случува сега, отколку тоа што го правев во изминатите 14 години. Поразите се дел од спортот. Има време, потебно е да бидам подготвен да играм на највисоко ниво и ќе добијам шанса да триумфиран на турнирите кои следат. Пред мене се уште два турнира на земја и ќе видиме што ќе се случи во Рим или во Париз – вели Надал.

Големо изненадување претставува елиминацијата на Надал на трите турнири на земја, која е негова омилена подлога. На сите три турнири на кои настапи годинава, во Монте Карло, Барселона и во Мадрид, тој беше елиминиран во полуфиналето.

– Со години победував на земјените терени. Оваа година чувствувам дека сум блиску но никако не ми успева. Мора да се прифати таа состојба и да се оди понатаму. Има млада генерација на талентирани тенисери кои полека го го заземаат нашето место – изјави Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот