Надал погоди девојче во главата па направи шмекерски потег (ВИДЕО)

EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Првиот носител на Австралија Опен во три сета го победи Федерико Делбонис, но потегот на натпреварот не беше спортски.

Имено, при сервис на противникот, Надал го удри топчето, но за несреќа тоа заврши во главата на едно девојче кои ги собира топчињата.

EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Кога виде што стори, Надал веднаш дотрча до девојчето за да провери дали е добро и на крајот ја бакна во образот за да и се извини.

– Искрено бев преплашен поради неа. Топчето беше брзо и ја погоди во главата. Таа е супер храбра девојка – изјави Надал на прес конференцијата по мечот.

EPA-EFE/LUKAS COCH

Девојчето на почетокот беше исплашено и не реагираше на болката и на ударот, а потоа кога и пријде Надал успеа да и измами насмевка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот