Надал: Подобро да не знаете колку инјекции примив, не знам што ќе биде понатаму

Рафаел Надал се бореше и со повредите пред освојувањето на Ролан Гарос/Париз, Франција/5 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Рафаел Надал по 14 пат го „покори“ Париз и дојде до својата 22 грен слем титула.

Шпанскиот тенисер со освојувањето на „Ролан Гарос“ покажа уште еднаш зошто е навистина „кралот на земјата“.

– Тешко е да се опише како се чувствувам. Никогаш не верував дека повторно ќе бидам тука, за да бидам конкурентен во уште едно финале. Сето тоа ми значи многу. Ова беше неверојатно патување и вашата поддршка од трибините беше иста. Ви благодарам многу – рече Надал.

Многумина и пред стартот на овој турнир, шпекулираа дека можно е наскоро да ја заврши кариерата, а со следната изјава ги загрижи фановите. Зборуваше за повредата на стапалото која постојано го мачи.

– Не знам што може да се случи во иднина, ќе се борам. Да не верував воопшто, немаше да бидам тука. Конкретно, како што сите знаат, подготовката не беше идеална за мене. Бев надвор од теренот и тренирав месец и половина поради проблеми со ребрата, а потоа се појавија и проблемите со ногата. Тој проблем е секогаш тука, особено беше тешко во Рим. Имав доктор тука со мене, не играв без да го чувствувам стапалото. Со инкекција во нервот, да „заспие“ стапалото, па да играм – вели Надал.

Новинарката на „Еуроспорт“ Барбара Шет го прашала колку инјекции морал да прими за време на турнирот?

Подобро да не знаете колку – кратко одговори Рафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот