Надал подготвен за напад на третата гренд слем титула годинава: Штом сум тука, се чувствувам добро

Последни подготовки на Надал пред настапот на Вимблдон/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Рафаел Надал со големи амбиции пристигна на Вимблдон, да го продолжи сонот за освојување на календарски гренд слем. Шпанецот триумфира на Австралија Опен и на Ролан Гарос, а од утре го започнува атакот на трофејот на Вимблдон.

Надал на новинарите во Лондон им откри дека состојбата со неговото стапало е подобра и нема да би претставува проблем како што беше случај во Париз каде играше под инјекции.

– Очигледно, штом сум тука, тоа значи дека работите се подобри за мене. Да не беше така, немаше да бидам тука. Задоволен сум како се развиваат работите. Не можам да бидам максимално среќен бидејќи не знам што може да се случи утре. Можам само да зборувам за тоа како се чувствувам сега. Има неколку работи кои ми се многу важни. Прво, можам да одам нормално речиси секој ден. Тоа е главната работа. Кога ќе се разбудам, не ја чувствувам болката што ја имав последнава година и пол. Што се однесува до тренинзите ситуацијата се подобрува во целина. Во последните две недели немав ниту еден од тие ужасни денови од минатото кога не можев да одам – рече Надал.

Сепак, Шпанецот вели дека не може да гарантира дека се ќе биде во ред во иднина.

– Не можам да кажам дали состојбата со стапалото ќе биде добра една недела, два или три месеци. Третманот што го направив не ми ја залечи целосно повредата, но затоа болката исчезна и тоа беше главна цел – вели Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот