Надал по Ролан Гарос ја завршува кариерата, му „умира“ коската во стапалото?!

Рафаел Надал на Ролан Гарос игра со големи болки во стапалото/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Хроничните проблеми со левото стапало ќе го натераат Рафаел Надал предвреме да ја заврши кариерата, вели новинарот на радиото Копе, Анхел Гарсија.

Гарсија кој е автор на книгата „од Рафаел до Надал“ рече дека постои голема можност шпанскиот тенисер по Ролан Гарос може да објави крај на кариерата.  Новинарот е сигурен дека Надал нема да настапи на последните два гренд слем турнири годинава, Вимблдон и УС Опен и прашање на време е кога ќе објави крај на кариерата.

– Рафа има целосно „анестезирана нога“ поради ризичниот лекарски третман кој го направи само за да може да игра во Париз. Има големи болки во стапалото, а една коска има некроза и практично „умира“. Ќе се бара решение и можебе ќе се наде, но сигурно е дека Надал нема да игра тенис по Ролан Гарос и тоа се додека не се најде вистинското решение за повредата. Иако игра со големи болки и ќе има последици по гренд слем турнирот, Надал смета дека Ролан Гарос е вреден за тоа – рече Гарсија.

Новинарот на „Мундо Депртиво“, Анхел Ригуера пишува пак дека проблемите на Надал со стапалото започнале од 2005 година кога му бил откриен реткиот синдром Милер-Вајс.

Фото: clinicians-blog/mueller-weiss-syndrome

– Иако трпеше натчовечки болки, Рафа не се откажа од мастерсот во Рим. Тоа го фрустрира, зборуваше дека не е повреден туку е само тенисер кој трпи големи болки. На Ролан Гарос во својот тим го има и докторот Анхел Руиз-Котос кој се грижи за неговото здравје од 2005 година – пишува Ригуера.

Тој додава дека Надал одлучил да се „коцка“ и да настапи на Ролан Гарос иако тоа може да значи и крај на кариерата.

– Одлучи да оди на сè или ништо само за да игра на Ролан Гарос. Сигурно е дека ја ризикува целата сезона со настапот во Париз. По турнирот ќе каже дека се надева дека светот ќе го разбере. Одигра два меча кои траеја повеќе од четири часа, а следен предизвик му е дуелот со Зверев. Покрај себе има тим од нутриционисти, масери, доктори, а тука се и тренерите Карлос Моја и Марк Лопез кои ќе сторат се за Рафа на крајот да ја освои 22 гренд слем титула – додава Ригуера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот