Надал по една година го симна Ѓоковиќ од тронот

twitter.com/theusapost21

Шпанецот има 9.585 бодови и на денешната АТП ранг листа го симна Новак Ѓоковиќ од првото место, на кого ниту титулата на Мастерсот во Париз не му беше доволна да остане на тронот.
Рафаел Надал има 640 бодови повеќе од Ѓоковиќ кој без првото место остана бидејќи му се избришани од турнирите во Париз и во Лондон.

Сепак, Ѓоковиќ има шанса да се врати на првото место на АТП ранг листата доколку триумфира на завршниот Мастерс турнир во Лондон на кој ќе настапат најдобрите осум тенисери за 2019 година.

Третото место и понатаму е резервирано за Роже Федерер (6.190), четврти е Данил Медведев (5.705), а петти Доминик Тим (5.025). Стефанос Циципас го помина Александар Зверев на шестата позиција, а осмото и деветтото место го зазедоа Матео Беретини и Роберто Баутиста Агут. Местото во најдобрите 10 тенисери на АТП ранг листата го комплетира Гаел Монфилс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот