Надал: Ова се случува само еднаш во 1.000 меча

twitter/ATP Tour

Надал со 2:1 во сетови го совлада Данил Медведев откако во третиот сет губеше со 1:5 во гемови.

– Не играв најдобро што можам, далеку сум од тоа. Се надевам дека ќе бидам подобар во наредните дуели. Оваа победа беше комбинација на различни фактори: среќа, грешките на Данил и моите добри моменти на крајот. Генерално сум задоволен со начинот на кој играм во Лондон, посебно ако се знае дека не тренирав со вообичаеното темпо поради повредата. Меч како денешниот и ваков пресврт се случува само еднаш во 1.000 натпревари. Многу ми е мило за победата, но во исто време ми е жал за Данил, кој треба да се гордее со играта и резултатите во последниот период – вели Надал кој објасни како размислуваше кога губеше во третиот сет:

– На 1:5 мислев дека за пет минути ќе бидам во соблекувалната. Тогаш играв без притисок бидејќи бев блиску до пораз. На 2:5 бев свесен дека пресврт против Медведев е екстремно невозможен. Дококу игравме на земја, ќе размислував поинаку бидејќи се играат повеќе поени, но на ваква подлога, мислите ми беа во соблекувалната. Но, на 3:5 веќе почнав да верувам дека можам да направам пресврт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот