Надал останува „крал“ на земјените терени

Рафаел Надал останува „крал“ на земјените терени и по 12. пат  во кариерата триумфира на Ролан Гарос. Во реприза на минатогодинешното финале, Надал повторно го совлада Доминик Тим, овој пат со 3:1 во сетови и тоа 6:3,5:7,6:1,6:1 за вкупно 18. Гран слем трофеј во кариерата. Ова беше 93. победа на Шпанецот на терените на Ролан Гарос на кои има само два порази.

Иако Тим во претходните два дена имаше исцрпувачко полуфинале со Новак Ѓоковиќ, воопшто не се забележа замор кај Австриецот, дури играше далеку поагресивно од вообичаеното, влегувајќи во долги размени со Надал.  Таквата игра дури му донесе брејк во петтиот гем од првиот сет, но тоа само го налути Надал кој со четири гемови во серија го доби првиот сет.
Интензитетот на играта не падна ниту во вториот сет иако поените беа пократки. Единствениот брејк беше дело на Тим и тоа во последниот 12. гем со што успеа да израмни на 1:1 во сетови. Ова воедно беше пв загубен сет на Надал во финалните натпревари на Ролан Гарос од 2014 година.

Загубениот сет само го налути Шпанецот, па заигра многу поагресивно и во наредните два сета на најдобар начин ја демонстрира доминацијата на Ролан Гарос. Двата сета ги доби со идентични 6:1,6:1 за освојување на трофејот со кој дојде само на две Гран слем титули зад Роже  Федерер кој е најтрофееен во историјата со 20 триумфи на најголемите тениски турнири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот