Надал однапред знаеше дека ќе слави на Ролан Гарос (ФОТО)

Рафаел Надал со победата од 3:1 во сетови над Доминик Тим го освои својот 18. Гран слем трофеј и дури 12. на Ролан Гарос што претставува неверојатно достигнување.

Шпанецот уште пред стартот на Гран слем турнирот, имаше добро претчуство дека повторно ќе го крене шампионскиот трофеј. Доказ за тоа е фотографијата која ја сликаше пред стартот на турнирот но поради суеверие не ја објави се до завршувањето на турнирот.

Тој фотографираше столче со бројот 12 на стадионот „Филип Шатрие“ каде и се одигра финалето.

“ Фотографијата мораше да чека 15 дена од моментот кога ја наравивме. Моето седиште на Ролан Гарос“, напиша Надал на фотографијата која ја прикажа на својот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот