Надал одигра партија тенис во карантин (ВИДЕО)

фото: твитер

Вториот светски рекет Рафаел Надал од градинарски столчиња направи мрежа, а потоа со неговата сестра Марибел одигра и една партија тенис.

Скоро сите спортски натпреварувања се прекинати, одложени поради епидемијата на коронавирусот, па луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и спортистите се наоѓаат во домашна изолација, карантин.

Помеѓу нив е и вториот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал кој од градинарски столчиња направи мрежа, а потоа со неговата сестра Марибел Надал одигра и една партија тенис.

Се гледа дека Марибел покрај Рафа научила многу, а тоа се гледа и на видеото кое е објавено на Инстаграм.

И оваа можност шпанскиот тенисер ја искористи да апелира до сите да останат дома со цел да се спречи ширењето на опасната зараза.

Како што е и објавено од претходно, Надал заедно со кошаркарот Пау Гасол водат хуманитарна акција со цел да се соберат средства, донации во борбата против коронавирусот, а во истата се вклучи и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот