Надал одби провокативно прашање за Ѓоковиќ: Зборувам само за себе

Рафаел Надал ја почитува одлуката на Федералниот суд во случајот со Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/RITCHIE TONGO

Рафаел Надал во разговор за бразилскиот магазин „Веж“ одби да го критикува Новак Ѓоковиќ за организацијата на Адрија тур.

Новак Ѓоковиќ минатото лето организираше егзибициски турнири, преку кои сакаше да им помогне на тенисерите во регионот, но Адрија тур беше прекинат откако неколку тенисери се заразија со коронавирус, а меѓу нив беше и самиот Ѓоковиќ.

Магазинот побара од Надал да го прокоментира „недоличното однесување на Новак Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирусот“, а одговорот на Шпанецот беше краток.

– Одбивам да судам – рече Надал кој потоа објасни дека сака да зборува само за себе.

– Преферирам да зборувам за начинот на кој живеев последните неколку месеци. Повеќе сакам да зборувам за тоа, отколку да судам на другите за нивните постапки. Навистина беше тешко да се гледа што се случува во светот поради пандемијата. Поминавме низ ригорозен локдаун, видовме илјадници мртви, во Шпанија имаше повеќе од 50.000 починати од април до јуни. Немав сила да правам ништо, бев загрижен за состојбата – рече Надал.

Шпанецот на крајот призна дека не сака да влегува во полемики но и во политички расправи, за разлика од Новак Ѓоковиќ кој застана во одбрана на колегите кога им беше наложен строг карантин во Австралија.

– Очигледно е дека сум свесен за политичката ситуација и водам разговари со своите пријатели и тимот. Информиран сум и имам свои лични ставови и мислења. Но, исто така знам дека доколку почнам да зборувам за политика, поголем дел од тоа што ќе го кажам ќе биде извадено надвор од контекст. Затоа, одлучив да не зборувам јавно за политика, иако верувам дека имам право да се изразам – изјави Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот