Надал немаше милост за Карено-Буста

twitter/ATP Tour

Првиот носител на Австралија опен рутински во три сета го совлада Пабло Карено-Буста.

Надал за 98 минути игра на својот противник му препушти само седум гема (6:1,6:2,6:4). За импресивната игра на Шпанецот зборува и податокот што искористи пет од десетте брејк топки, додека на противникот не му даде ниту една можност да му го одземе сервисот.

Следен противник на Надал ќе биде подобриот од дуелот Кирјос-Качанов кој моментно е во тек.

Французинот Гаел Монфилс со 7:6,6:4,6:3 за нешто помалку од два ипол часа го елиминира квалификантот Ернест Гулбис и во осминафиналето ќе игра против Доминик Тим кон во четири сета со 6:2,6:4,6:7,6:4 беше подобар од Тејлор Фриц од САД.

Изненадување претставува поразот на Давид Гофан од 16. светски тенисер Андреј Рубљов. Русинот славеше со 2:6,7:5,6:4,7:6.

Кај дамите, Русинката Анастасија Пављученкова го приреди најголемото изненадување со елиминацијата на Каролина Плишкова со 7:6,7:6, . Симона Халеп беше сигурна против Путинцева (6:1,6:4). Пласман во осминафиналето обезбеди и поранешната победничка на Австралија Опен, Анџелик Кербер која во три сета со 2:6,7:6,6:3 ја солвада Камила Џорџи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот