Надал: Нема сомнение дека Ѓоковиќ може да го освои „УС Опен“

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал не се сомнева во тоа дека Новак Ѓоковиќ би можел да го освои грен слем турнирот „УС Опен“ годинава (30 август – 12 септември).

Иако Шпанецот го критикуваше првиот светски рекет поради однесувањето од мечот за бронзениот медал на Олимписките игри, Рафа знае да го пофали српскиот ас.

Она што ги прави Ѓоковиќ и Надал големи шампиони е односот кој го имаат еден кон друг. Навикнати сме на меѓусебно почитување помеѓу двата големи ривали.

– Тој веќе освои три, па кога ќе освоиш три, несомнено можеш да ги освои и сите четири грен слем трофеи.

Ќе игра на тврда подлога, веројатно неговата најдобра подлога, па зошто да не? Секако дека е нешто тешко. Ќе има и други момци кои ќе сакаат да победат на последниот грен слем турнир во сезоната. Но, се разбира, Ѓоковиќ е еден од очигледните фаворити – рече Надал.

Да додадеме уште дека Ноле денеска ја започна својата 332 недела на врвот на АТП ранг листата.

Ѓоковиќ: Се извинувам на сите, сакам да играм и во Париз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот