Надал: Не знам како успеав да победам

Рафаел Надал во мечот со Шаповалов побара лекарска помош/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Рафаел Надал со победата над Денис Шаповалов се пласира во полуфиналето на Австралија Опен и го продолжи походот по освојување на 21 гран слем титула во кариерата, а по мечот упати пофалби за канадскиот тенисер.

Надал во четвртфиналето имаше водство од 2:0 во сетови, но Шаповалов успеа да се врати и да го однесе мечот во одлучувачки петти сет во кој Шпанецотја потврди својата класа и се пласира во полуфиналето.

– Не знам како успеав, имав и малку среќа на стартот од петтиот сет. Тешко е да се игра против Денис, тој е агресивен тенисер. Имав можност да го добијам мечот во три или четири сета, но ме стигна заморот – изјави Надал кој за време на мечот побара и лекарска помош.

– Имав нешто во стомакот. Направивме тестови да провериме дали е се во ред со моето тело. Испив таблета за да го решам тој проблем и потоа имав среќа што добро сервирав во петтиот сет – додаде Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот