Надал: Не сакам Новак да освои повеќе грен слем титули од мене

twitter:ATP Tour

Шпанецот на новинарите во Мексико им призна дека не би сакал на крајот од кариерата да им помалку грен слем титули од Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ ја отвори новата сезона со триумф на Австралија Опен и дојде до бројката од 17. грен слем титули. На листата на најтрофејни тенисери, Ѓоковиќ остана трет, но сега има само две грен слем титули помалку од Рафаел Надал и три помалку од Рожер Федерер.

– Светот во кој живееме некогаш е дволичен. Имам добар однос со Доминик, како и со Ѓоковиќ. Но, доколку ме прашате дали во сакал Новак да освои повеќе грен слем титули од мене, одговор е не. Тоа е реалноста. Но, кога Ѓоковиќ ќе освои трофеј, јас му честитам. Ова е чисто професионална работа. Иста така, доколку го прашате Новак дали повеќе би сакал да триумфирам јас или Тим на Ролан Гарос, најверојаниот неговиот одговор ќе биде Доминик – вели Надал.

Надал исто така прозборе за групата на ВатсАп во која се тој, Рожер и Новак.
– Тоа не е група во која сме само ние тројца, туку се повеќе луѓе како и сите играчи кои се во советот на тенисерите и тука ги соопштуваме сите вести. Има уште групи во кои ние членуваме, но не постои група во која сме само ние тројца. Но кога треба да се комуницира нешто приватно, кога треба да си честитаме едни на други, тогаш не пишуваме во група, туку комуницираме приватно. Во групите зборуваме само за професионални работи и причини – додаде Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот