Надал: Не ни сонував дека со 33 години повторно ќе го држам овој пехар

EPA-EFE/WILL OLIVER

Рафаел Надал веднаш по победата над Стефанос Циципас на завршниот Мастерс турнир во Лондон, го доби пехарот кој му се доделува на тенисерот што ќе ја заврши годината на првото место на АТП ранг листата.


Шпанецот кој на последниот турнир годинава влезе со 640 поени предност пред Новак Ѓоковиќ, ја обезбеди првата позиција по вчерашниот пораз на српскиот тенисер од Федерер по што не обезбеди пласман во полуфиналето.

– Навистина сум пресреќен по се што ми се случи во кариерата. Не ни сонував дека со 33 години повторно ќе го држам овој пехар во своите раце. Ова е многу емотивен момент за мене, вложив многу труд и работа за да бидам тука каде што сум сега – изјави Надал.


Шпанскиот тенисер можно е да не се пласира ви полуфиналето на Мастерсот во Лондон иако денеска дојде до втората победа во групата Андре Агаси. Доколку Александер Зверев го совлада индиспонираниот Медведев, тогаш Надал ќе заврши како прв во својата група и во полуфиналето го очекува пресметка со Роже Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот