Надал не го интересираат „игрите“ на Кирјос

Рафел Надал на убедлив начин го започна третиот гран слем турнир годинава, Вимблдон, и во второто коло ќе се сретне со контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос. Тоа ќе биде нивен прв меѓусебен дуел по турнирот во Акапулко, Мексико, по кој Надал го обвини Кирјос дека не ја почитува ниту публиката, ниту ривалите но и самиот себе. Исто така ова ќе биде прв дуел по критиките на Кирјос упатени кон Надал.

– Не ме интересира што Кирјос прави со својот живот, нека прави што мисли дека треба, а јас сум фокусиран на тенисот. Доволно сум искусен за да знам дека не треба да се впуштам во неговите “игри’ кои воопшто немаат смисла. Би ми било подраго да се сретневме во подоцнежната фаза од Вимблдон, бидејќи тој е талентиран тенисер. Би сакал во првите неколку кола да играм против послаби противници, но не ја бирам јас ждрепката – вели Надал.

Рафаел Надал кој е трет носител на Вимблдон, во првото коло со максимални 3:0 (6:3,6:1,6:3) во сетови го елиминира Јуичи Сугита, додека Кирјос беше подобар од сонародникот Џордан Томпсон по пет сетови игра и тоа со 7:6,3:6,7:6,0:6,6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот