Надал не е подготвен да игра на турнирот во Дубаи

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Рафаел Надал одлучи да не игра на турнирот во Дубаи кој ќе се одржи во периодот од 14 до 20 март 2021 година.

Шпанецот доби специјална покана, со цел организаторите да го направат турнирот маркетиншки поатрактивен.

– Би сакал да им се заблагодарам на организаторите за вајлд кард поканата испратена до мене. Сериозно размислував да дојдам, но мислам дека сè уште не сум подготвен да играм – напиша Надал на „Твитер“.

Рафа минатиот месец настапи на грен слем турнирот „Австралија опен“ каде беше елиминиран во четвртфиналето.

Титулата нема да ја брани првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, а за трофејот годинава ќе се борат Доминик Тим, Рожер Федерер, Андреј Рубљов, Денис Шаповалов, Роберто Баутиста Агут..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот