Надал: Не барам изговори, секој го добива тоа што го заслужува

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Рафаел Надал по елиминацијата од Стефанос Циципас во четвртфиналето на Австралија Опен, истакна дека грчкиот тенисер беше подобар во одлучувачките моменти и поради тоа се пласира во полуфиналето.
Циципас направи неверојатен пресврт и го совлада Надал со 3:6,2:6,7:6,6:4,7:5.

Промашив неколку удари во тајбрекот кои не смеев да ги промашам и тоа е тоа. Стефанос одигра одлично во четвртиот и петтиот сет, додекај јас одиграв неколку лоши гемови. Во секој случај, сакам да му честитам. Нормално дека сум разочаран, загубив во четвртфиналето на турнир кој многу ми значи. Австралија Опен е еден од моите омилени турнири. Пропуштив шанса да се пласирам во полуфиналето и тоа е тоа. Го дадов максимумот, се борев, останав позитивен, но некогаш тоа не е доволно. Денеска не беше доволно бидејќи играв против еден од најдобрите тенисери на светот – изјави Надал кој откри дека немал никакви проблеми со грбот на што се жалеше во првиот дуел на Австалија Опен.

Австралија Опен: Епски пресврт на Циципас, преку Надал до полуфинале

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот