Надал ќе игра против Ѓоковиќ за полуфинале на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал во пет сета успеа да го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим/Париз, Франција/29 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“, откако вечерва после голема борба во пет сета го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 3:6, 6:3, 6:2, 3:6 и 6:3 после четири игра и 23 минути игра.

Надал во четвртфиналето го очекува дуел против бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ, од кого минатата година загуби во полуфиналната фаза.

Потсетување дека првиот светски рекет го елиминираше Аргентинецот Диего Шварцман. „Ролан Гарос“ се игра за награден фонд од 43,6 милиони евра.

Александар Зверев со 3:0 во сетови 7:6 (11), 7:5 и 6:3 беше подобар од Бернабе Запата Мираљес од Шпанија. Германецот во четвртфиналето ќе игра против Карлос Алкараз (Шпанија) или Карен Хачанов (Русија).

Во женска конкуренција денеска се одигра уште еден меч, Американката Слоан Стивенс со 6:2 и 6:0 за еден час и пет минути игра ја совлада Џил Белен Тајхман од Швајцарија.

Познати се две четвртфинални двојки, Мартина Тревизан (Италија) – Лејла Ени Фернандез (Канада), а Стивенс за пласман во полуфиналето ќе игра против нејзината сонародничка Кори Гоф.

Видео на денот