Надал ќе биде без тренер на Австралија Опен

epa08667922 Spanish player Rafael Nadal (R) and his coach Carlos Moya during a practise session at the Italian Open in Rome, Italy, 14 September 2020. EPA-EFE/Clive Brunskill / POOL

Вториот тенисер на АТП ранг листата на претстојниот грен слем турнир покрај себе нема да го има тренерот Карлос Моја.

Причина за тоа е пандемијата на коронавирусот, Моја на социјалните мрежи откри дека по разговорот со Надал одлучил да не патува за Мелбурн.
„Ќе го следам турнирот од дома и ќе останам со семејството, родителите и децата поради сложената ситуација со коронавирусот во Шпанија“, објави Моја.

Без тренер во Австралија може да остане и третиот тенисер на АТП ранг листата, Доминик Тим, бидејќи Николас Масу е позитивен на коронавирус.
– Пред заминувањето за Австралија сме известени дека Масу е позитивен на коронавирус. Ќе се тестира повторно за неколку денови и се надеваме дека вториот тест ќе биде негативен по што ќе може да ни се придружи подоцна – изјави таткото на Доминик, Волфганг Тим.

Стартот на Австралија Опен е закажан за 8. февруари и ќе трае до 21. февруари, а поради рестрикциите поврзани со коронавирус, сите учесници мора да поминат 14. дена во карантин по пристигнувањето во Австралија. За влез во Австралија потребен им е негативен тест на коронавирус, а за време на двонеделниот карантин сите ќе бидат тестирани неколку пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот