Надал: Јас и Федерер не сме пријатели

EPA-EFE/MAST IRHAM

Вториот светски тениски рекет Рафаел Надал сосема искрено зборуваше за односот со големиот конкурент Роже Федерер, кон кого има голем респект. Надал и Федерер досега се сретнале 38 пати и поуспешен е Шпанецот кој има 23 победи, додека Федерер има 15 триумфи. Надал поради честите пресметки изјави дека има голем респект кон Швајцарецот, но и дека односот кој го има со него не го смета за пријателство.
– Не би рекол дека тоа е пријателство. Јас и Роже имаме фантастични односи и тоа е тоа. Мојата мотивација не се менува зависно од тоа кој е на другата страна на мрежата –  изјави Надал.

Големиот навивач на Реал Мадрид исто така изјави дека и кога ќе се пензионира ќе биде вклучен во тениските случувања.
– Никогаш немав време да размислувам за пензионерските денови бидејќи од 15 година од животот сум професионалец – вели Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот