Надал ита кон 19 грен слем титула (ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Надал ита кон 19 грен слем титула (ВИДЕО)

Во последните два четвртфинални натпревари, шпанскиот ас Рафа го совлада Аргентинецот Шварцман, а Беретини беше подобар францускиот претставник Монфис.

Рафаел Надал, вториот светски „рекет“ ќе игра во полуфиналето на УС Опен, доцна синоќа во четвртфиналето го елиминираше 21 на светската АТП листа, Диего Шварцман со 6:4, 7:5 и 6:2. Дефинитивно со најголеми шанси Шпанецот да го освои турнирот, што би било негов 19 грен слем трофеј во кариерата, вкупно четврти во Њујорк.

На вториот дуел кој имаше пет сета и беше решен во тај-брејк, Матео Беретини во една исцрпувачка борба славеше против Гаел Монфис со 3:6, 6:3, 6:2, 3:6 и 7:6 (5). Тој е првиот Италијанец после 42 години кој обезбедил пласман во полуфиналето на УС Опен.

Во второто полуфинале кај мажите Русинот Данил Медведев ќе ги одмери силите против Григор Димитров.

Во женска конкуренција во четвртфиналето Бјанка Ванеса Андрееску од Канада со 2:1 по сетови 3:6, 6:2 и 6:3 ја совлада Белгијката Елиз Мертенс.

За пласман во големото финале Андрееску ќе игра со Швајцарката Белинда Бенчиќ кој со 7:6 (5) и 6:3 триумфираше над Хрватката Дона Векиќ. Веќе е познато тоа дека Серена Вилијамс во претпоследната пречка за противничка ја има Елина Свитолина од Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close