Надал има план да доминира и идната сезона

фото: АТП

Поранешниот колега од шпанската тениска репрезентација, Давид Ферер, изјави дека Надал во наредната година ќе има поинакви приоритети во однос на досегашните.

– Рафа ќе се обиде да освои што повеќе грен слем титули. Тоа е неговата главна цел. Сака уште долго време да биде конкурентен, исто како и Федерер и поради тоа ќе намали со настапите на турнирите. Засега е на првото место на АТП ранг листата и ситуацијата за него е добра – вели Ферер.

Ферер, кој годинава замина во пензија, смета дека во 2020 година, неколку млади тенисери ќе се обидат да ја симнат од тронот големата тројка, Надал, Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер.

– Циципас, Тим и Медведев се многу добри тенисери и очекувам идната година да бидат уште подобри и да ја нападнат големата тројка на грен слем турнирите. Сепак, сметам дека Надал има најголеми шанси и идната година да заврши на првото место – рече Ферер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот