Надал има големи проблеми со Ѓоковиќ бидејќи не знае како да го нападне

twitter.com/theusapost21

Вујкото на шпанскиот тенисер зборуваше и за големата тениска тројка.

Тони Надал повторно зборуваше за големата тениска тројка која повеќе од 15 години доминира и се уште не и се насетува крајот на таа доминација.

Но, поранешниот тренер на Рафаел Надал, во едно е сигурен, рекордот на Рожер Федерер по бројот на освоени грен слем титули наскоро ќе биде соборен. Федерер има 20 грен слем титули, Надал една помалку, додека Ѓоковиќ има 17 титули од најголемите тениски турнири.

– Мислам дека Рафаел и Новак можат да го соборат рекордот на Федерер по бројот на освоени грен слем титули. Работите за Федерер стануваат компликувани бидејќи тој е најстар од нив тројца, а веќе доаѓа и новата генерација. Новак и Рафа се помлади и сè уште добро се носат со младите, но не можам да го кажам истото и за Рожер – вели Тони Надал за „Газета дело спорт“.

Тони Надал открива и зашто Новак Ѓоковиќ има подобар меѓусебен скор и против Надал и против Федерер.

– Федерер има многу појасен стил на игра и ви остава простор да го нападнете. Но, кога играте против Ѓоковиќ, а тоа му се случува и на Рафа, без разлика колку сте добри во тој дуѕел, никогаш не знаете како и кога да го нападнете. Одлично се брани и ви остава многу малку простор за да преминете во офанзива – додава Тони Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот