Надал и Ѓоковиќ со победи стартуваа на Мастерсот во Париз

EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал со победи над домашни тенисери го стартуваа настапот на Мастерсот во Париз. Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата со 7:6,6:4 со совлада Корентан Муте. Првиот тенисер на АТП на ранг листата се мачеше во текот на целиот меч, во првиот сет Муте дојде до брејк за 4:3 но веќе во следниот гем, Ѓоковиќ направи рибрејк и потоа во тајбрејкот успеа да го освои првиот сет.

Во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк за 2:1 во гемови и предноста без проблем ја задржа со крајот на сетот што значеше триумф и пласман во следната рунда.

– Не се чувствував добро на теренот и не играв како што треба, посебно во првиот сет. Но, најдов начин да победам и тоа е најважно – изјави Ѓоковиќ кој во наредното коло го очекува Кајл Едмунд.

Рафаел Надал со сличен резултат како Ѓоковиќ со 7:5, 6:4 го победи Адриан Манарино и си закажа пресметка со Станислас Вавринка кој беше поуспешен од Марин Чилиќ во два тај брејка.
Надал првиот сет го обезбеди со брејкот во 12. гем, а вториот сет беше копија на првиот. Шпанецот брејкот го направи во последниот 10 гем за победа од 2:0 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот