Надал и донесе триумф на Шпанија во Дејвис-купот

twitter/DavisCup

Селекцијата на Шпанија триумфира во новиот формат на Дејвис-купот откако во големото финале ја победи Канада со 2:0.

Роберто Баутиста Агут се врати во репрезентацијата на Шпанија, само три дена откако почина татко му.

Агут релативно лесно со 6:3,6:1 го победи Феликс Ожен Алиасим ѝ и го донесе првиот поен на Шпанија.

Потоа на сцена стапи првиот тенисер на АТП листата, Рафаел Надал кој исто така во два сета беше поуспешен од својот противник, Денис Шаповалов.

Надал со 6:3,7:6 го победи младиот Канаѓанец за триумф на „црвената фурија“ во новиот формат на натпреварување на Дејвис-купот.

Со триумфот, Надал ја продолжи импресивната серија на настрапите во Дејвис-купот. Надал од премиерниот настап во 2004 година, има неверојатен скор од 29 победи и само еден пораз кој го доживеа во дебитантскиот настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот