Надал: Ѓоковиќ ме уништи во Мелбурн, сега јас му вратив
Шпанецот по триумфот од 6:0,6:2,7:5 против Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, по 13. пат го крена шампионскиот пехар на својот омилен турнир.
– Честитки за Новак на одличниот турнир. Тој ме уништи во Мелбурн, сега јас дојдов на ред. Тоа е дел од играта. Еден ден ќе победи едниот, друг ден ќе победи другиот. Се најдобро за Новак во иднина – изјави Надал веднаш по победата.
Освен што по 13. пат триумфира на Ролан Гарос, Надал се израмни со Рожер Федерер на листата на тенисери со највеќе грен слем титули. Сега двајцата играчи имаат по 20. грен слем титули, додека Ѓоковиќ остана на 17. трофеи.
– Ова е тешка година, но победата тука ми значи се. Сега не е момент да размислувам за 20. грен слем титула и израмнување на рекордот. За мене е важен Ролан Гарос, кој ми значи се во кариерата – додаде Надал кој воедно го оствари и 999. триумф во професионалната кариера.
Додека Надал не замине во пензија, останатите можат да сонуваат титула на Ролан Гарос