Надал годишно јаде повеќе од 170 килограми овошје
Рафаел Надал освен што е голем тенисер, тој е познат и по обичаите кои ги има пред и за време на натпреварите, ритуалот пред секоја негов сервис, поставувањето на шишињата со вода пред клупата на која одмора помеѓу гемовите е познат за секој тениски фан.
Шпанецот кој во кариерата има освоено 19 грен слем титули признава дека секојдневната рутина и ритуали му даваат самодоверба.
– Човекот мора да има своја вистинска рутина и постојано да ги повторува истите работи. Јас свој ред посебно за работите кои ми се важни. Со години имам идентична рутина и ритуал пред натпреварите и тоа многу ми помага. Постојаното повторување ми дава самодоверба и мир, и тоа ме тера да давам се од себе – вели Рафаел Надал.
Рафаел Надал секој ден станува во исто време и за тоа навива два аларми за секој случај, а исто така секој ден се тушира по три пати, без разлика за кое годишно време станува збор.
Начинот на исхрана исто така е важен за Надал, а овошјето има најголем приоритет за Шпанецот. Тој годишно јаде 172 килограми што во просек изнесува околу четири јаболки со нормална големина.
Исто така интересно е што вториот тенисер на АТП ранг листата годишно поминува 568 часа на масажи.