Надал го преживеа „циркусот“ на Кирјос! (ВИДЕО)

Беше тоа „војна“ на двајцата тенисери кои како што е веќе познато и не се наоѓаат во некои добри односи.

Се гледаше тоа и во текот на мечот кога Кирјос на почетокот од дуелот го „провоцираше“ Надал, но и реагираше кон главниот судија поради големите паузи на Рафа меѓу сервисите.

Освен што на секаков начин Кирјос се обидуваше да го привлече вниманието, имаше и по некој изненадувачки поен.

Третиот сет го одбележа конфликтот на Кирјос со судијата, во еден момент незадоволниот Ник повторно беше незадоволен од една одлука. Му беше доделен поен на Надал, затоа што со „челинџ“ беше утврдено дека линискиот судија погрешил, а Шпанецот отсервираше ас.

Тоа Кирјос како да го налути, кој сметаше дека поенот мораше да се повтори.

– Мислиш дека си важен, а фактички си никој – додаде темпераментниот Австралиец кој главниот судија.

Кон средината на третиот сет, при резултат 40:15 намерно го „нападна“ Надал додека овој се наоѓаше на мрежа. Грешки правеше Кирјос во клучните моменти, а неговиот ривал ги освои наредните два сета во тај-брејк.

За Надал ова е јубилејна 50 победа на терените на „Вимблдон“ и во третата рунда на грен слем турнирот во Лондон ќе ги одмери силите против Французинот Жо-Вилфрид Цонга кој беше подобар од Литванецот Рикардас Беранкис по сетови 7:6 (5), 6:4 и 6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот