Надал го „прегази“ Вавринка

EPA-EFE/KIKO HUESCA

„Кралот“ на земјените терени, во целост го оправда епитетот и во четвртфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид, го „прегази“ Станислас Вавринка дозволувајќи му да освои само три гема.

Надал победи со убедливи 6:1,6:2. Противник на Надал во полуфиналето ќе му биде Гркот Стефанос Циципас кој направи изненадување и во четвртфиналето го совлада четвртиот носител, Александар Зверев со 2:1 во сетови (7:5,3:6,6:2).

Утрешната пресметка помеѓу Надал и Циципас ќе биде четврта, а во последните три дуели, Шпанецот не му дозволи на младиот тенисер од Грција да освои ниту еден сет.

Во финалето во женска конкуренција ќе играат Симона Халеп и Кики Бертенс. Халеп со 2:1 во сетови (6:2,6:7,6:0), ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија, додека Кики Бертенс беше поуспешна од Американката Слоун Стивенс, и славеше во два сета со 6:2,7:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот