Надал го „лови“ првиот трофеј во Париз: Ѓоковиќ губи уште еден рекорд!?

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Изминатата недела Андреј Рубљов му „симна“ дури два рекорди на Новак Ѓоковиќ, а на пат е и трет, и тоа од Рафаел Надал.

Имено, во претходните 10 дена Рубљов успеа да го надмине Ѓоковиќ по бројот на освоени титули оваа година, воедно има повеќе победи во сезоната.

А шпанскиот тенисер Рафа има намера да го стигне српскиот ас по бројот на освоени мастерс трофеи. Надал моментно успешно настапува во Париз, турнир кој никогаш до сега не го освоил во кариерата.

Вториот светски рекет во францускиот главен град играше финале во 2007 година кога загуби од Аргентинецот Давид Налбандијан.

Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill/POOL

Ѓоковиќ има 36 мастерс титули, сите ги освојуваше по двапати, додека Надал е на 35 и севкупно му недостасуваат трофеи од само три турнири од „серијата 1000“.

Шпанскиот натпреварувач стигна до четвртфиналето во Париз каде што го чека Пабло Карењо-Буста, потоа доколку се пласира во полуфиналето ќе игра со Зверев или Вавринка, а во евентуалната завршница ривал од вториот дел на ждребот, Шварцман, Медведев, Раониќ или Умбер.

Сега останува да видиме дали Надал ќе се закити со 36 освоен мастерс и така се израмни со Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот