Надал: Ѓоковиќ е совршен и беспрекорен играч, може да игра на која било подлога

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, едни од најдобрите во историјата на тенисот/Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Кога веќе тоа го кажува Шпанецот, тогаш не треба да има сомнеж кој е најдобриот тенисер во светот на сите времиња. Пофалби за Новак Ѓоковиќ пристигна од неговиот најголем ривал, Рафаел Надал.

Ноле и Рафа се најголемите тениски ривали во историјата. Освен што освоија најмногу грен слем титули, заедно со Рожер Федерер, тие го делат и првото место на освоените мастерс турнири, а исто така одиграа и најмногу меѓусебни дуели на турнирите, вкупно 58.

– Ѓоковиќ е совршен и беспрекорен играч. Може да игра на која било подлога. Тој е неверојатно цврст и упорен. Оваа година, дури и кога изгледа дека е во лоша форма, неговата желба за победа тоа го надополнува – рече Надал.

Шпанецот ја заврши оваа сезона порано поради повреда на стапалото, но не ја загуби надежта дека ќе му се врати на тенисот.

Овие двајца великани последен пат се сретнаа во полуфиналето на „Ролан Гарос“ кога Србинот славеше со 3:6, 6: 3, 7:6 (4), 6:2. Тоа беше 30 победа на Ноле против Шпанецот, и интересно јубилејниот 150 меѓусебен дуел на „големата тројка“.

Неочекувана вест: Новак Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во Торино?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот