Надал ги налути Шпанците со коментарот: Го загуби достоинството

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал вчера ги коментираше хаосот кој се случува околу Новак Ѓоковиќ кој додека ја чека одлуката на федералниот суд, кој се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, и го навлече гневот на неговите сонародници.

– Светот доволно патеше, вакцинирајте се. Ја разбирам фрустрацијата на луѓето во Австралија кои поминаа низ тешки карантини и многу луѓе не можеа да се вратат восвоите домови. Од моја гледна точка, мораме да ги слушаме експертите, а тие велат дека треба да се вакцинираме. Имав корона, вакциниран сум два пати и низ сето тоа поминав без проблеми. Доколку го направите тоа, нема да имате проблеми да играте тука. Доколку сакаше, Новак ќе играше во Австралија без проблеми. Сам ја носи одлуката, секој е слободен да ги носи своите одлуките, но потоа постојат некои последици, зарем не? – изјави Надал и ги разгневи неговите сонародници.


Некои од нив велат дека повеќе нема да навиваат за Надал туку за Ѓоковиќ кој ја брани слободата и кој сега доживува неправда.
„Јас сум Шпанец, но повеќе ме претставува овој втор човек на фотографијата и се постоветувам со него, а не со луѓето како тебе кои се соработници на тиранијата. Знаеш ли кој се надевам дека ќе победи“, напиша еден Шпанец на Твитер.

„Веќе го имаме победникот.. но благодарам на предупредувањето, повеќе сакам некого кој ја брани слободата отколку титулата“, е друг коментар упатен кон Надал.

 

„Што велиш за оваа тенисерка која сака да се вакцинира, но бидејќи не е вакцинирана со Фајзер, не може да играм. Лесно е да молчиш, да бидеш кукавица и да ја помогаш дискриминацијата. Ме разочаравте како спортист и како личност“, напиша шпански навивач кој објави линк на руска тенисерка која не може да игра на Австралија Опен бидејќи е вакцинирана со вакцина на Спутник.

„Уживајте во парите бидејќи веќе ја загубивте славата и достоинството. Вие сте еден од таквите и ги поддржувате луѓето кои колат деца за пари, поради кои гладуваат цели земји. Доколку ги штитиш, се штитиш и себе си.


„Без зборови. Фотографијата говори сама за себе. Ѓоковиќ од сега е човек од чест кој се осуди да го крене гласот“, напиша разочаран навивач кој притоа објави фотоградија на Надал со Бил Гејтс.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот