Надал: Федерер е среќен кога ќе победам

epa08737127 Rafael Nadal of Spain poses with his trophy on the rooftop of the Galerie Lafayette department store one day after winning against Novak Djokovic of Serbia in their men's final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 12 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Шпанецот му возврати на Рожер Федерер за честитките по освојувањето на 13. грен слем титула на Ролан Гарос.

Рафаел Надал со доминантна игра во финалето го победи Новак Ѓоковиќ и по 13. пат триумфира на Ролан Гарос, а вкупно го освои 20. грен слем трофеј со што се израмни со Федерер на листата на тенисери со највеќе триумфи на најголемите турнири.

– Не можев да видам ништо, но му благодарам на Рожер за убавите зборови. Мислам дека како што сите знаат, имаме добри односи, се почитуваме. Во исто време мислам дека е среќен кога ќе победам. Ми значи тој позитивен однос бидејќи имаме големо ривалство на теренот – изјави Надал кој потврди дека во финалето одигра неверојатно.

Да, одиграв на неверојатно ниво. Два и пол сета играв одлично. Невозможно е да се дојде до ваков резултат против Новак доколку не играте како мене. Играв на највисоко ниво кога требаше и горд сум на тоа – додаде Надал.

Надал е непобедлив на Ролан Гарос: Преку Ѓоковиќ до  13. титула во Париз и израмнување на грен слем рекордот на Федерер

 

Видео на денот