Надал е невозможно да се победи на земја

EPA-EFE

Тони Надал, вујкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, смета дека неговиот внук е главен фаворит за триумф на вториот Гран слем турнир годинава, Ролан Гарос. Тој ја анализираше финалната пресметка помеѓу Надал и Ѓоковиќ на турнирот во Рим и откри зашто мисли дека Шпанецот е речиси непобедлив на земјените терени.

– Првиот сет беше речиси перфектен, со добар инетнзитет, постојано ја менуваше тактиката. Ми се допадна движењето во првиот сет, во вториот го намали интензитетот бидејќи е навистина тешко да се игра во таков ритам. Навистина е тешко да се победи Надал во три сета на земјени терени. Рафа дури 11 пати триумфира на Ролан Гарос и навистина е многу тешко да се победи – вели Тони Надал.

Според Тони Надал, единствен кој може да му се спротивстави на „кралот„ на земјените терени, е токму Новак Ѓоковиќ.
– Ѓоковиќ играше многу добро во Мадрид. Тој отсекогаш бил најтешкиот ривал на Рафа, како на брзите подлоги така и на земја. Во Монте Карло не играше добро, имаше пад во формата, но како влегуваше во ритам така дојдоа и победите на земја. Речиси е на максимално ниво и во неделата покажа дека и голем борец и е навистина блиску да го совлада Рафа – вели Тони Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот