Надал донесе одлука, ќе игра на Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Шпанскиот тенисер ќе игра на првиот грен слем во 2021 година, потврди неговиот менаџер Бенито Перес Барбадиљо.
– Рафа потврди дека ќе патува за Мелбурн и дека ќе игра на Австралија Опен – изјави Барбадиљо.

Ова ќе биде 15. учество на Надал на Австралија Опен во досегашната кариера и досега има само една титула, таа од 2009 година.

На претстојниот Австралија Опен, Рафаел Надал ќе се обиде да стане првиот тенисер во историјата која би освоил по две титули на сите четири грен слем турнири, а доколку успее во таа намера, Шпанецот ќе стане и тенисер со највеќе грен слем титули во историјата (21).
Австралија Опен ќе започне на 8. февруари, а финалето е закажано за 21. февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот