Надал без мака во второто коло

Вториот носител на УС Опен, Рафаел Надал со 6:3, 6:2, 6:2 без многу мака го елиминира Џон Милнам и  за второто коло си закажа пресметка со младиот Танасис Кокинакис.

За разлика од Надал кој успешно стартуваше на терените на Флешинг Медиус, дури тријца тенисери од топ 10 носители ги завршија настапите.
Четвртиот фаворит Доминик Тим изненадувачки е поразен од Томас Фабијано во четири сета со 6:4,3:6,6:3,6:2, додека Стефанос Циципас кој е осми носител загуби од рускиот тенисер Андреј Рубљов со 6:4,6:7,7:6,7:5.

Третиот фаворит кој уште на стартот е елиминиран е Русинот Карен Хачанов  кој загуби со 4:6,7:5,7:5,4:6,6:3 од Канаѓанецот Васик Поспишил. За разлика од нив, петтиот носител во пет сета го елиминира РАду Албот од Молдавија, а проблеми немаа ниту Марин Чилиќ, Ник Кирјос, Гаел Монфилс и Денис Шаповалов.

Кај дамите, првата носителка Наоми Осака во три сета со 6:4,6:7,6:2 ја победи Ана Блинкова. Три сета играше и Симона Халеп која со 6:3,3:6,6:2 ја победи Никол Гибс.  Белоруското дерби и припадна на Арина Сабаленка која ја победи Викторија Азаренка со 3:6,6:3,6:4.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот