Нада Димитријевиќ, девојката која потпетиците ги чува како експонат на диџеј пултот, гостува во Скопје!

Фото: Промо

Овој петок е резервиран за старт на вториот дел од летната сезона и новиот серијал од Intermezzo Music Rituals забавите.

За добрата журка со својот музички сет ќе се погрижи девојката во чии вени тече музика, талентираната Нада Димитријевиќ од Белград.

Нада кариерата почнува да ја гради уште од дете, трагајќи по инспирацијата што ја има денес. Почетоците во музичкото училиште, отсек – пијано и модната сцена на која се наоѓа уште од 2009 година ја издигнуваат високо на пиедесталот на артистите кои доаѓаат од соседна Србија. Има настапувано рамо до рамо со ред музички ѕвезди како Gregory Porter, Robert Glasper, JAZZANOVA, Paul Randolph, Hindi Zahra, Incognito, The Brand New Heavies, Mario Biondi, Jose James, Sean Kuti, Meshell Ndegeocello, Liv Warfield, Keziah Jones, Bebel Gilberto… кои имале огромно музичко влијание врз нејзината понатамошна кариера.

– Не се продавам за треш музика, попрво ќе работам три работи, отколку да ја трујам масата со лоша музика, вели Нада, девојката која освен зад диџеј пултот често ја има и на модните ревии. Важи за девојка која знае што сака, а што не и има храброст потпетиците место на нозе да ги држи како експонат на диџеј пултот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот