Над половина милион невработени во Австрија

Во Австрија во мај бројот на невработени достигна 517.122, што претставува за дури 174 илјади повеќе во споредба со истиот месец претходната година.

Кризата предизвикана од новиот корона вирус негативно се одрази врз пазарот за труд, а привременото затворање на економијата доведе до рекордна невработеност, каква што Австрија немала дури од периодот по втората светска војна.

Повторното отварање на економијата доведе до намалување на бројот на невработени, кој и понатаму е на високо ниво. Рекордниот број на невработеност е забележан во април кога 588.234 биле без работа но од тогаш бројот на лицата кои бараат работа се намалува.

Стапката на невработеност достигна до 11,5 отсто, а натпросечно висок раст на невработени лица е забележан помеѓу младите со 103,8 отсто како и кај лицата кои немаат австриска патна исправа со 90,2 проценти.

Според стапката на невработеност Австрија во споредба со останатите европски земји сега се наоѓа на осмо место. Министерката за труд Маргарет Шрамбек вели дека е задоволна од трендот на опаѓање, истакнувајќи дека бројките се движат во правилна насока.

Инаку, австрискиот економски институт „IHS I Wifo“ прогнозира дека стапката на невработеност оваа година ќе изнесува 8,4 проценти.

Најпогоден сектор е туризмот, но и другите економски гранки кои беа погодени од ограничувањата воведени поради спречување на ширењето на корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот